logo
logo
logo

Албанија и Косово никогаш поблиску: Ги дели само минута

Vecer | 26.06.2022

Албанија и Косово никогаш поблиску: Ги дели само минута

Потпишување договор меѓу Косово и Албанија, што значи дека за викендите нема контрола на граничните премини Врбница и Морина.

Со тоа значително се олесни движењето на граѓаните, пренесува Коха.

Ефектите од потпишувањето на овој протокол веќе беа видливи на теренот викендов, бидејќи максималното време на чекање за премин беше помалку од една минута.

Задоволство изразија и граѓаните на Косово и Албанија кои често патуваат во овие земји, било за работа или за рекреација.

„Често ја поминуваме границата, но сега ни е полесно. Полесно поминуваме, не чекаме“, вели Мирјет Бадаљи, жител на пограничната област кој работи во Албанија.

Оваа недела беше потпишан договор меѓу министрите за внатрешни работи на Косово и Албанија за олеснување на граничните премини во текот на летото, викендите и државните празници.

Вториот протокол од вкупно 19 потпишани договори меѓу двете влади им дозволува на пограничните жители, кои живеат во област на 30 километри од границата, да преминуваат од Косово во Албанија само со дозвола.

Протоколот за олеснување на границите ги опфаќа Ѓаковица, Призрен, Дечани, Јуник, Драгаш и Раховец/Ораховац во Косово, како и Кукс, Бајрам Цури и Круме во Албанија.

Фото: ALDRIN XHEMAJ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk