logo
logo
logo

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Vecer | 24.04.2024

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство. 

„Целта на акцијата со кодно име 'Пирамида' се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk