Во случај на потреби за енергетска сигурност, Унгарија е подготвена пред следната грејна сезона да и обезбеди на Србија до 500 милиони кубни метри гас од складиштата, изјави денеска во Белград унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто по разговор со министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ изјави дека во 2023 година од Србија до Унгарија на Балканот ќе пристигнат 4,8 милијарди кубни метри гас.

Тој посочи дека ова е заеднички, партнерски постигнат резултат и оцени дека Србија е доверлива, правична и коректна земја за снабдување со гас на Унгарија.

Сијарто посочи дека санкциите на ЕУ предизвикуваат сериозна штета на земјите, а енергетските санкции се во судир со безбедноста на снабдувањето со енергија.

Тој рече дека Унгарија добила ослободување од санкции за нафтата и гасот, за да може да ги увезува и да има обезбедено снабдување.