logo
logo
logo

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ

Vecer | 06.04.2025

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ

Поранешниот премиер на Црна Гора и лидер на Движењето УРА(МОСТ), Дритан Абазовиќ, за албанска А2 Си-Ен-Ен, по протестот организиран од општина Улцињ, која се противи на одлуката на црногорската влада да даде дел од брегот на арапски инвеститори, изјави дека "оние кои се за овој проект сакаат да го искоренат Улцињ и Албанците".

Додава дека станува збор за крајно нетранспарентен процес, против кој било закон и во спротивност со Уставот, нагласувајќи дека "зад ова стои голема корупција" и оти " тие се обединети во Улцињ да го заштитат нивното крајбрежје". 

-Партиите кои се за овој проект имаат два начина: или да го искоренат Улцињ и Албанците, или да бидат на страната на граѓаните. Ние во Собранието ќе направиме голема кампања. Мислам дека на крајот ќе успееме да го заштитиме нашиот Улцињ. Нема да дозволиме никој да ни го земе градот, порача тој.

Абазовиќ (40) е од албанска националност, роден е во Улцињ, премиер на Црна Гора беше од април 2022 до октомври 2023 година, моментно е пратеник во црногорскиот законодавен дом 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk