Народен собир ќе се одржи утре во Белград на платото пред Народното собрание, Наречен е празник на народот, државата и заедницата.
Централниот ден на тридневната манифестација ќе биде во сабота, на 12 април, кога ќе се одржи централниот собир, празникот на народот, државата и заедницата, а пред граѓаните ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ: Се додека дишеме ќе ја штитиме Србија - тоа е ветување
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во друштво на граѓани го носеше најдолгото знаме во историјата на Србија тешко 400 килограми!
„Денес имам чест што тешко можам да ја опишам со зборови - заедно со мојот народ, рамо до рамо со луѓето од сите делови на Србија, го носам најголемото знаме на Република Србија во нашата историја. Долго е 200 метри и гордо се вее низ улиците на Белград. Ова знаме не е само симбол - тоа е, исто како Косово, срцето на Србија. Ја држам, ја чувствувам силата на народот, историјата што не врзува и иднината за која се бориме“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „будуќностсрбијеав“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата