logo
logo
logo

ГОРИ ТИРАНА, ЗАПАЛЕНА ВИЛАТА НА ЕНВЕР ХОЏА демонстрантите се судрија со полицијата, фрлаа молотови коктели

Vecer | 01.03.2026

ГОРИ ТИРАНА, ЗАПАЛЕНА ВИЛАТА НА ЕНВЕР ХОЏА демонстрантите се судрија со полицијата, фрлаа молотови коктели

Во Тирана вечерва, кратко по 18:00 часот, започнаа протести против владата на Еди Рама, кои прераснаа во насилство, откако демонстрантите се судрија со полицијата, фрлаа молотови коктели и други запаливи предмети.

Еден од нападите беше насочен кон вилата на поранешниот комунистички лидер Енвер Хоџа, која беше запалена во еден дел, наведуваат албанските медиуми.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови во обид да ја растера толпата од централните улици на Тирана, објавува албанскиот Топ Ченел.

Опозицијата, предводена од Демократската партија, бара оставка од премиерот Еди Рама и неговата влада, поради широко распространетите обвинувања за корупција и злоупотреба на државните ресурси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk