logo
logo
logo

ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ на „HiPP“ производи во Словенија

Vecer | 20.04.2026

ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ на „HiPP“ производи во Словенија

Словенечките трговски синџири „Spar“, „Mercator“ и „Tuš“ превентивно ги повлекуваат производите на брендот „HiPP“, откако во Австрија во тегла од оваа бебешка храна e пронајден отров за стаорци. По овој инцидент, производителот веднаш наложи итно повлекување на спорните серии.

Според информациите од здравствениот инспекторат, спорните примероци официјално не биле во продажба во Словенија, но повлекувањето се врши како мерка на претпазливост. Овој аларм доаѓа откако во Австрија, Словачка и Чешка биле пронајдени примероци позитивни на опасната материја.

Потрошувачите се советуваат пред употреба задолжително да проверат дали пакувањата се оригинално затворени. „Spar Словенија“ добил информации дека не се исклучува можноста опасната материја да е внесена преку неовластено отворање на теглите, што може да биде смртоносно доколку се консумира.

На што да внимаваат родителите?

Здравствените власти апелираат на исклучителна претпазливост и ги советуваат купувачите да ги проверат следните детали:

  • Бела налепница: Сомнителните производи наводно имаат бела налепница со црвен круг на дното на теглата.
  • Капак: Проверете дали капакот е оштетен или претходно отворан (вакуумот мора да биде недопрен).
  • Мирис: Обрнете внимание на каков било необичен мирис или мирис на расипана храна.

Доколку забележите било каква неправилност, производот не смее да се користи и треба веднаш да се фрли или да се врати кај продавачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk