logo
logo
logo

СРБИЈА СО НАЈНИСКА ЦЕНА НА ГАС ВО ЕВРОПА во текот на престојната зима

Vecer | 25.11.2021

СРБИЈА СО НАЈНИСКА ЦЕНА НА ГАС ВО ЕВРОПА  во текот на престојната зима

Министерот за финансии Синиша МАли се огласил на Инстаграм по повод денешниот одржан состанок на претседателите на Србија и Русија.

“Благодарејќи на договорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, добивме цена од 270 долари на 1000 кубни метри гас во наредните шест месеци“, напишал Мали на Инстаграм.

“Тоа ќе биде најниската цена на гас во Европа во тој период, значи за врме на престојната зима“, истакнал Мали.

“Ова можеби е и најважна вест за Србија во овој момент, вест која значи сигурно снабдување на гас, што за нашите граѓани и економија е најважно“, нагласил Мали и додал: “Тоа зборува за способноста на нашиот претседател Александар Вучиќ, како и за пријателските односи меѓу Србија и Русија...

Малкумина очекувале ваков успех на нашата земја“.

“Ова е голем успех кој на сите ни гарантира сигурна зима и сигурна иднина...“- напишал Мали на Инстаграм

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk