Аналитичарот Јусуф Таци смета дека “Европската унија го жртвува Косово поради Србија, бидејќи Србија е моќна“.
Тачи, гостувајќи на ТВ Т7, порачел дека поради тоа е потребен нов концепт или да се предложи ЕУ да се исклучи од дијалогот кој Косово го води со Србија.
“Мислам дека ова е последен момент во кој треба да се разговара со ЕУ и повторна концептизација или да се исклучи ЕУ од процесот на дијалог Косово и Србија“, рекол Тачи.
Спрема неговите збоови, во изминатите 10 години не е постигнато многу преку дијалогот и не е решен проблемот со Србија.
“Што постигнавме за десет години дијалог преку ЕУ, дали го решивме проблемот со Србија? Мислете дека можеме нешто да решиме на овој начин“, прашал Тачи.