logo
logo
logo

Ова се функционерите со ЈАКИ КОНТАКТИ ВО АМБАСАДИТЕ – КОЈ Е ТРОЈАНСКИОТ КОЊ...

Vecer | 16.09.2021

Ова се функционерите со ЈАКИ КОНТАКТИ ВО АМБАСАДИТЕ – КОЈ Е ТРОЈАНСКИОТ КОЊ...

Откривањето на Јанковиќ дека амбасадите му нуделе да го руши Вучиќ ја возбуди јавноста и го отворило прашањето – кој е сега тројански коњ.

Она што се знае е дека Михајловиќ, Стефановиќ и Дачиќ функционери имаат добри односи со Американците, односно Русија.

Со признавање на бившиот кандидат на претседателските избори Саша Јанковиќ дека странските амбасади и политички моќници, со асистенција на поединци во СНС, се обиделе да го рушат Александар Вучиќ ја вознемирило јавноста. Бидејќи Јанковиќ како што вели одбил, веднаш како главно политичко прашање се наметнува кој е тројанскиот коњ во владејачката гарнитура.

Кој со кого е близок

Оваа интригантна приказна за странско влијание во одлучување во Србија ги подгреа и старите шпекулации за поедини политичари кои со години негуваат необично интензивни односи со некои амбасади. За Србија, како и за секоја држава, секогаш е круцијално каква врска со домашните носители на одлуки воспоставуваат американската и руската амбасада.

Така во српската јавност врежан впечаток е дека Зорана Михајловиќ, министерка во претходните влади во изминатите години, и повеќе е во блиски односи со повеќето американски амбасади кои работеле во Белград. Своеврсна потврда е и фактот дека највисоки дипломатски претставници на САД биле редовни гости на нејзината семејна слава.

Исто така и актуелниот министер за одбрана Небојша Стефановиќ важи за американски човек во Србија, кој во неколку наврати е “фатен“ како пристрасно настапува во корист на Вашингтон. Јавна тајна е дека Социјалистичката партија на Србија уште од времето на Милошевиќ негува и подржува руско влијание во Србија. Нејзиниот сегашен лидер Ивица Дачиќ секако ја продолжил таа традиција, и секако како најистурен функционер од СПС Душан Бајатовиќ, на кого често му биле доверени специјални а понекогаш и тајни задачи врзани за српско-руски ангажман во политиката и бизнисот.

Коментрирајќи поединци од СНС кои се спомнуваат како врска преку кои странците сакаат да го срушат Вучиќ, потпретседателот на СНС Миленко Јованов за Курир вели дека станува збор за луѓе без чест.

- Нема зборови со кои би ја опшал личноста кој е член на СНС, а би учествувала во рушење на Вучиќ. Дополнителна тежина на таа нечесност дава што целата таа акција координирана од странците, работела во нивна корист, на штета на Србија и нашите граѓани – нагласува Јванов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk