logo
logo
logo

ТИВКИТЕ ХЕРОИ НА АДА БОЈАНА: Пешо и неговите синови спасиле стотици луѓе од сигурна смрт!

Vecer | 02.09.2021

ТИВКИТЕ ХЕРОИ НА АДА БОЈАНА: Пешо и неговите синови спасиле стотици луѓе од сигурна смрт!

Секој што барем еднаш бил на Ада Бојана слушнал за фантастичниот семеен ресторан кој со години е омилено место на туристите. Ресторанот “Кај Пеша” е еден вид симбол на црногорското приморје, а семејството Батричевиќ освен што подготвуваат исклучително вкусна храна имаат и уште една традиција со која се гордеат.

Имено, Перица кои сите го знаат како Пења или Пешо заедно со неговите синови, Александар и Петар спасиле стотици животи од сигурна смрт.

Пешо и неговите синови извлекле стотици луѓе од морето кои биле повлечени од силните струи, ветрови и бранови.

Имено, поради силниот ветер на оваа плажа често пати е кренато црвеното знаме кое значи забрана за пливање. Сепак има и такви кои решаваат да не ја почитуваат оваа забрана.

Но, за среќа на туристите, тука е домот на Батриевиќ кој важи за неформален чувар во зима и во лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KOD PEŚE (@kodpesa)

Стар морски волк

Имено, најстариот во семејството Перица, кој е познат како Пеша или Пења своето децениско спасувачко искуство, како и знаењето за морето кај Бојана и желбата да им помогне на другите во невоља го пренел и на своите синови.

За неговото спасувачко искуство пишувале многу медиуми, а дел од мештаните биле и сведоци на драма во која главни актери биле Пеша и неговиот пријател Влатко Кнежевиќ.

Имено, тие двајца во месец ноември решиле да одат на риболов. Но тоа попладне имало огромни бранови, па поради тоа решиле да се повлечат. Сепак, на пат накај дома нивниот брод бил поклопен од огромен бран. Морето за само неколку секунди ги одвлекло далеку од брегот откога и започнала нивната битка со природата. Но она кое пресудило за среќен епилог биле искуството и смиреноста на Пеша.

-Против природата не можеш да одиш. Успеав со јаже да се обезбедам себе, но и Влатко. Успеав да не дотуркам до чамецот, но све беше во Божји раце. Исцрпени, по неколку часа поминати на море, морската струја повторно не насочи кон брегот. Завршивме во плитките води кај Копакабана, вели тој.

Тој и додава дека ваквата случка била невообичаена ситуација за него – цел град бил на нозе, а многу познати и непознати се вклучиле во истрагата.

Меѓу мештаните владеело неверување – зарем е можно морето да го земе човекот кој цел свој живот спасува други?

-Речисите сите викаа дека мојот татко не може да се удави. Може се да му се случи но тоа не, вели неговиот син Петар.

И така било. Легендарниот спасител излегол од морето. Неколку години по несреќата тој имал тешка операција и повеќе не е физички активен. Но, сега има своја позиција – фотелја и харизма под чиј надзор продолжува семејната традиција на спасување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk