logo
logo
logo

Најдебели во ЕУ СЕ ХРВАТИТЕ, најслаби Французите

Vecer | 03.08.2021

Најдебели во ЕУ СЕ ХРВАТИТЕ, најслаби Французите

До 2050 година, прекумерната тежина ќе биде одговорна за 75 проценти од случаите на дијабетес, 10 проценти од кардиоваскуларните болести, седум проценти од случаите со деменција и пет проценти од случаите на рак, се проценките на истражување во Европската Унија.

Според податоците истражувањето за здравјето на граѓаните на ЕУ, Хрватска е најлошо рангирана земја кога станува збор за прекумерната тежина, пишува загрепски Јутарњи лист.

Се наведува дека убедливи шампиони за прекумерна тежина се мажите во Хрватска, бидејќи дури 73 проценти од нив се со прекумерна тежина. Франција има најмал број мажи со прекумерна тежина - 53 проценти.

Италија има најнизок процент на жени со прекумерна тежина во ЕУ - 37 проценти, а во Хрватска тој процент е 58.

Според проценките на публикацијата на ОЕЦД  „The Heavy Burden of Obesity“, прекумерната тежина е поврзана во Хрватска со намалување на животниот век од три и пол години. До 2050 година се предвидува дека прекумерната тежина ќе учествува со 75 проценти од дијабетес, 10 проценти од кардиоваскуларни заболувања, седум проценти од деменција и пет проценти од рак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk