logo
logo
logo

Бугарите се плашат од силен Балкан, и порачаа на ЕУ: Ќе спречиме создавање на нова Југославија

Vecer | 01.08.2021

Бугарите се плашат од силен Балкан, и порачаа на ЕУ: Ќе спречиме создавање на нова Југославија

Бугарија не сака поврзување на Србија со земјите од регионот односно Македонија и Албанија. Иницијативата за создавање отворени зони им е како прст во око и сметаат дека тоа е создавање нова Југославија.

Идеата за таканаречен „Мини Шенген“   на лидерите на Македонија, Србија и Албанија, ќе биде неуспех за ЕУ, изјавил бугарскиот евро-пратеник, заменик претседател на парламентарната партија ВМРО БНД, Ангел Џамбаски.

Можеше да се одбегне идејата за формирање на таква зона на Балканот доколку ЕУ ја поддржеше Бугарија во нејзините барања за Македонија, истакнува европскиот пратеник.

- Оваа инцијатива има една цел – формирање нова Југославија. Тоа не смее да се дозволи и секој разумен политичар кој сака стабилност во Европа и на Балканот, треба да го осуди тој план на бољшевиците – напиша на Фејсбук, Џамбаски.

По негово мислење, таквиот проект првенствено служи на „големосрпскиот шовинизам чие олицотворение е Александар Вучиќ“.

Пратеникот ја искоментира резолуцијата на македонските пратеници која забранува македонскиот идентитет и јазик да биде предмет на преговори со Бугарија. Џамбаски му се обрати на премиерот на Македонија, Зоран Заев, за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и „дугите истомисленици“, повикувајќи ги да не заборават дека и Бугарија ќе инсистира на почитување на својата историја и култура.

- Со својата безначајна резолуција си го уништивте сонот за членство во ЕУ кој наводно го имавте. Со тоа исто така изјавивте дека ќе продолжите да крадете и фалсификувате историја на Бугарија – рече Џамбаски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk