logo
logo
logo

ПРВО ПУКАЛ ВО НЕА, ПА ВО СОПСТВЕНАТА ГЛАВА - Крвав пир во БиХ

Vecer | 22.06.2026

ПРВО ПУКАЛ ВО НЕА, ПА ВО СОПСТВЕНАТА ГЛАВА - Крвав пир во БиХ

Страшна семејна трагедија се случи синоќа во населбата Миричина кај Грачаница, Босна и Херцеговина, каде што Сафет Ковачевиќ (68) ја убил својата сопруга Н.К. (68), а потоа си пресудил и себеси, пренесува „Аваз“.

Според неофицијални информации од истрагата, нападот започнал во нивната семејна куќа. Жената успеала да побегне надвор во обид да си го спаси животот, но Ковачевиќ ја бркал, ја стигнал пред куќата и пукал во неа со ловџиска пушка. Веднаш по грозоморниот чин, тој си пукал во главата. Починал во возилото на брзата помош на пат кон болницата во Тузла.

Од локалната полиција потврдија дека инцидентот бил пријавен синоќа околу 19:40 часот.

„На местото на настанот беше пронајдено телото на 68-годишната жена без знаци на живот, додека повредениот маж почина на пат кон медицинска установа“, се вели во полициското соопштение.

Истрагата ја води кантонскиот обвинител, кој треба да ги утврди мотивите и точните околности кои довеле до ова тешко злосторство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk