logo
logo
logo

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ: Словенечкиот парламент ја изгласа новата влада на Јанез Јанша

Vecer | 04.06.2026

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ: Словенечкиот парламент ја изгласа новата влада на Јанез Јанша

Јанез Јанша, кој по тесните избори во март обезбеди четврти премиерски мандат во неговата политичка кариера, објави дека неговиот кабинет ќе ја претставува целата земја, бидејќи новите министри доаѓаат од различни генерации и региони низ Словенија.

Земјата во последните четири години ја водеше другарот на Зоран Заев, Роберт Голоб, кој оствари тесна победа на изборите, но, и покрај тоа, не успеа да формира мнозинска коалиција.

Во говорот пред парламентот, Јанша ги пофали министрите како искусни лидери и вети дека ќе ги намали, како што ги нарече, рекордно високите даноци и големата бирократија во споредба со другите европски земји. Тој, исто така, вети дека ќе се бори против корупцијата и ќе им даде повеќе овластувања на локалните власти, пренесе словенечката агенција СТА.

За владата на Јанша, која брои 15 члена „за“ гласаа 49 гласа пратеници во словенечкиот парламент, додека 30 се изјанија „против“. Повеќето министри во новата влада се од неговата Словенечка демократска партија (СДС), а останатите од коалициските партнери Нова Словенија (НСи), Демократи и Фокус. Партијата СЛС, петтиот партнер, не доби министерска позиција.

Петпартиската коалиција има 43 места во парламентот со 90 места, а е поддржана од десничарската партија „Ресница“ (Вистина), која формално не е дел од владата, која доби поддршка и од националните малцинства.

Јанша рече дека следната недела ќе ги покани опозициските партии да се приклучат на партнерството за да помогнат во изготвувањето на клучните закони.

Премиерот во заминување Голоб (другар на Ковачевски и Заев) наследството од своето четиригодишно владењее го сумираше на денешната вонредна седница на парламентот, на која рече дека најмногу се гордее со тоа што во земјата се вратиле, како што кажа, нормалноста, стабилноста и мирот.

Пратенциите од Словенечката демократската партија (СДС) изразија уверување дека Јанша избрал одличен тим министри со кои ќе работи за успешна Словенија.

Инаку, ова е четврти мандат на Јанез Јанша како премиер, по оние од 2004 до 2008 година, од 2012 до 2013 година и од 2020 до 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk