logo
logo
logo

ИСПОВЕД НА БАКСУЗЕН СРБИН: Се вакцинирав, а нема да добијам 3000 динари и не ми е жал!

Vecer | 14.05.2021

ИСПОВЕД НА БАКСУЗЕН СРБИН: Се вакцинирав, а нема да добијам 3000 динари и не ми е жал!

За порастот на трендот на имунизација кој следеше по бројните придобивки кои Србија им ги дава на граѓаните се пишува постојано по балканските, па дури и светските медиуми.

Имено, Србија на оние кои ќе се вакцинираат им дава ваучери, но и парична стимулација од 3000 динари. Ваквите мерки мотивираа голем број на српски државјани да се вакцинираат.

Српски Блиц ја пренесува исповедта на еден граѓанин на Србија кој се вакцинирал, но не добил никаква финансиска стимулација бидејќи немал извадено лична карта.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

"Се вакцинирав во Jануари и бев меѓу првите кои беше изложен на погрдни коментари и теории на заговор како сега сум чипиран. Овие пари кои сега се даваат нема никогаш да ги добијам, но не жалам.

Ја примив ваквината на "Синофрам", а се решив за ваков чекор се со цел да живеам нормално, заштитен и како што е сега мода да се каже "чипуван". А причината зоштo нема да добијам финансиска стимулација лежи во мојата небрежност.

Не успеав да ги завршам сите документи на време за да можам да добијам 100 евра од државата, сега овие 60 евра и тие плус 3000 динари бидејќи сум се вакцинирал. Се покажав доста неодговорен кон себе. А како се чувствувам околу тоа? Моите чувства се измешани.

Од една страна среќен сум што живеам во држава која им обезбеди на граѓаните четири типа вакцини и што граѓаните имаат избор. Од друга страна пак, лут сум на себе затоа што мојата неодговорност ме чини речиси 200 евра. Пари со кои можев да платам сметки, да купам храна или едноставно да заминам на викенд во Грција.

Па така, мојата мрзливост ме доведе да сум во минус и додека другите задоволно ги тријат своите ракави јас тонам во земја од сопствениор срам.

Денес, аплицирав за лична карта иако требаше ова да го направам многу одамна. И мојата порака до сите вас е да го направите истото и да не ги пропуштате ваквите награди само заради тоа што сте мрзливи да ја извадите. Треба да сме благодарни што не требаше да приложиме лична карта на терминот за вакцина.

А на крај, кога се ќе сумирам жалам што не ги добив парите од државата. Но кога ќе размислам подобро јас не носев маска заради пари, не држев дистанца поради пари ниту пак се вакцинирав поради пари. Јас го направив тоа за мене и за здравјето на моите најблиски, на моите пријатели и за сите оние со кои имам секојдневни контакти."

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk