logo
logo
logo

Евзони е отворен, само за оние со ГРЧКИ ПАСОШ

Vecer | 14.05.2021

Евзони е отворен, само за оние со ГРЧКИ ПАСОШ

Иако најави отворање на граничните премини за влез на туристи, Грција сепак останува затворена за сите кои немаат грчки пасош.

Имено, откако на полноќ стапи на сила одлуката за отворање на границите, односно Евзони, истата мерка започна да се применува околу 6 утринава во времетраење од 10-тина минути.

По тие 10-тина минути, грчките полицајци престанаа да пропуштаат возила и патници кои не се државјани на Република Грција, јавуваат српските медиуми присутни на граничниот премин Евзони во овој момент.

Во развговор со грчките цариници и полицајци, на сите странски граѓани и на медиумите речено им е дека се чека на некакво одобрение од Атина, кое може да го добијат и вечерва до полноќ, а можеби и утре.

Па така, не се знае кога Евзони ќе биде отворен за странски туристи.

Во овој момент колоната возила е долга над 300 метри, а има најмногу возила со регистрации од Македонија и Србија, но и понекое од ЕУ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk