logo
logo
logo

Рама: Албанија е адолесцент и како и секој адолесцент има проблеми

Vecer | 13.05.2021

Рама: Албанија е адолесцент и како и секој адолесцент има проблеми

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Фајненшл Тајмс изјави дека Албанија е една адолесцентна демократија, и како и секој адолесцет има проблеми но оти многу брзо ќе успее да созрее.

– Албанија е една адолецетна (тинејџерска) демократија и како и секој тинејџер има проблеми, но расте и ќе ја постигне зрелоста за кусо време, изјави Рама.

Тој ги отфрла обвинувањата од страна на опозицијата за нерегуларности на изборите и за заробена држава

– Тие кои не знаат што да прават со слободата на говорот се жалат за недостиг на слобода, вели Рама.

Посочува дека одбивањето да се вклучат во политичките институции е оправдување за слабата перформанса на Демократската партија (ПД) и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ). Додава дека ПД ја подобрила својата позиција со гласови на грбот на ЛСИ.

-Опозицијата ја изгуби својата петта битка по ред- трипати на парламентарни и двапати на локални избори, бидејќи тие никогаш не биле добри губитници. Доколку сте еден лош губитник, не можеш да победиш, оценува Рама.

Нагласува дека сега е уште поодлучен да спроведе развоен план од 10 милијарди евра, со фокус на туризмот.

Планот опфаќа автопат покрај морското крајбрежје, туристичко пристаниште во Драч од две милијарди евра, што е највисока инвестиција во историјата на земјата, која ќе ја реализираат инвеститори од Дубаи, ОАЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk