logo
logo
logo

Нема подобра мотивација: СКАРА И ПИВО ЗА ВАКЦИНИРАНИ

Vecer | 07.05.2021

Нема подобра мотивација: СКАРА И ПИВО ЗА ВАКЦИНИРАНИ

Низ по светов видовме како се нудат разни производи за мотивација на граѓани да се вакцинираат, од бесплатни билети за кино, музеј театар, се до стриптиз и џоинт во САД, но и Балканот не заостанува со такви понуди.

Во Белград отидоа чекор понатаму во вакцинирањето, па организираа масовна вакцинација во трговскиот центар Ушче, без никакви претходни најави.

Со оглед на тоа што сè уште има многу кои избегнуваат вакцинирање, одлучија да им дадат на првите сто лица кои се вакцинирани подарок ваучер од 3.000 динари. Тоа предизвика голема толпа во тој популарен трговски центар.

Акцијата за масовно вакцинирање и донирање продолжи и денеска кога првите 50 вакцинирани граѓани добија  ваучери од 5000 динари, кои ќе можат да ги трошат во одредени продавници.

Во сабота, утре првите сто вакцинирани ќе добијат пакет од една компанија како подарок.

Пред неколку дена беше организирана кампања за вакцинација во ресторанот „Библиотека код Милут  ина“ во Крагуевац, каде што сите што беа вакцинирани беа наградени со бесплатен оброк подготвен на скара.

Според сопственикот на ресторанот Ставре Рашковиќ, гостите покрај месото и пивото за прв пат на менито имале и различни видови вакцини. –

Трговијата и угостителството се силно погодени од пандемијата, и ако вакцинацијата е излез, ние исто така сакаме да дадеме придонес - рече Рашковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk