logo
logo
logo

Лекарите ја признале грешката: Втор случај во Србија, жена имала јака реакција откако добила различни вакцини

Vecer | 09.04.2021

Лекарите ја признале грешката: Втор случај во Србија, жена имала јака реакција откако добила различни вакцини

Во Србија е регистриран втор случај, лице да добие две дози од различна вакцина против ковид.

Првиот беше во Врање, кога маж бил вакциниран прво со „Фајзер“, а на ревакцинацијата добил „Синофарм“. Тој тогаш изјави дека се чувствувал чудно, дека примил инфузија и немал некакви последици.

Овој пат жена од Чачак поминала цела ноќ во брза помош, откако наместо „Синофарм“ со која била вакцинирана првиот пат, како втора доза добила „Фајзер“, објави Н1.

Непријатниот настан се случил вчера, а пропустот жената го забележала на потврдата за вакцинација. Жената истата вечер била примена во службата за итни случаи поради треска и мачнина, која траела цела ноќ.

Медицинскиот тим за следење на епидемијата во Чачак признава дека е направен пропуст при ревакцинацијата, дека случајот е пријавен во здравствената инспекција, но дека тоа нема да се одрази врз здрвајето на жената.

„Грешка е, да не се лажеме. Но, најважно е дека ништо нема да и се случи во однос на здравјето. Не требаше да се случи такво нешто. Но, во однос на здравјето, тоа нема да има негативни последици“,изјави д-р Михаило Луковиќ.

Од Институтот за јавно здравје, пак сметаат дека е невозможно да се дадат десетици илјади вакцини без да се случи некој пропуст.

Велат дека нема медицинско теоретско објаснување зошто воопшто би се предизвикале здравствени прпоблеми во ваков случај, но, регулативите се такви што и првата и втората доза мора да бидат од истата вакцина.l

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk