logo
logo
logo

Жив никому нема да му паднам во раце: Веља Невоља сакал да се саморазнесе со бомба

Vecer | 08.03.2021

Жив никому нема да му паднам во раце: Веља Невоља сакал да се саморазнесе со бомба

Вељко Беливук, или познат како Веља Невоља, имал тајна за која знаел само неговата десна рака Марко Миjковиќ. Впрочем, според српските медиуми  тој изминатава година, секојдневно со себе носел бомба!

А кога ќе го прашале зошто носи секаде со себе бомба тој велел: „Жив никому нема да му паднам во раце“.

Според досега достапните информации, групата чии шефови се Беливук и Миjковиќ, ги киднапирале жртвите, а некои од нив ги касапеле и брутално биле убивани.

Засега, јавноста сè уште нема точни податоци за одделни случаи и за тоа каде се телата на убиените момчиња.

Според досега познатите информации, факт е дека „дизајнот“ на бруталното убиство му бил препуштен на Марко Миjковиќ. Неофицијалните информации иницираат на тоа дека тој уживал да ги осакатува луѓето, и затоа го добил прекарот „Касап“.

Оваа криминална група, која лани започнала да „работи“ заедно со криминалниот тим на Дарко Елез, кој пред неколку дена беше испорачан на БиХ, се чувствувала многу моќно и како никој да не им може ништо.

Тие ги снимиле убиствата и заканите, а тие снимки си ги праќале меѓусебе но и им служеле како закани кои ги испраќале на ривалските групи.

Но и покрај прецизно испланираните акции и киднапирања, Веља секогаш со себе носел бомба, која според изворите не била наменета за никој друг освен за него.

- Веља ја носеше бомбата исклучиво за себе. Тој се плашеше дека ќе падне во рацете на „скалперите“ или на некој друг ривал. Тој рече дека повеќе би сакал да се разнесе, отколку некој да го измачува. Од тоа се плашеше. Не е филмска приказна со еден куршум. Тоа е реалноста на голем број непријатели и она што тие го направија. Беливук очигледно се решил за бомбата, како последно ниво на одбрана, за да не остави ништо на случајот, но и на крајот да го убие оној што му пришол - наведува изворот на „Блиц“.

Неговиот татко се разнел со бомба

Беливук веќе има една трагедија во семејната историја предизвикана од бомба. Неговиот татко Небојша извршил масакр пред 26 години во семејниот стан кога активирал рачна бомба.

Таткото на Веља ја активирал бомбата на 13 февруари 1995 година при што освен тој во инцидентот настрадале и неговата сопругата Бранка (31) и нејзината мајка Мирјана Младеновиќ (55). Во моментот на трагедијата, деветгодишниот Вељко и уште едно дете биле во станот. Експлозијата го разнела станот а тие за чудо преживеле.

Засега Беливук и Миjковиќ се поврзани со неколку киднапирања, а на жртвите им се губи секоја трага. Покрај многуте материјални докази, полицијата поседувала и фотографии од монструозни злосторства извршени од оваа криминална група.

Една од најстрашните покажува обезглавување на една од жртвите. Заради бруталноста на осакатувањето, засега се претпоставува само за која жртва станува збор, а полицијата ја анализирала гардеробата што ја носела при препознавањето на убиеното лице.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk