Претседателот на Србија Александар Вучиќ му врачил утрово на претседателот на владата на Македонија Зоран Заев прв контингент вакцини која Србија ги донира на Македонија.
Тие двајца се сретнале во 10 часот на преминот на Табановци по снежно невреме каде што прво срдечно се поздравиле и прегрнале а Вучиќ предвајќи ја донацијата од 4.688 Фајзер вакцини рекол дека тоа се за наши браќа.
- Ви донесовме 4.688 вакцини, тоа е прва фаза. Мислам дека е убава вест за нашите браќа, рекол Вучиќ. Заев на тоа се заблагодарил.
- Вистинска зимска идила, рекол Вучиќ коментирајќи го неверемето на га граничниот премин, каде што се слушнала и шега на која сите се насмеале, дека земјата не џабе се нарекува Северна Мкедонија...
https://youtu.be/hsHxFH0kpGk
- Среќен сум што можам да им помогнам на нашите браќа и пријатели, бидејќи Србија нема други интереси освен да им помогнеме на нашите пријатели и да го развиваме нашето пријателство... Вистински пријател се покажува во невреме – нагласил Вучиќ објаснувајќи дека донацијата требала да пристигне пред 10 дена но процедурите биле доста строги бидејќи Фарзер така бара.
https://www.instagram.com/p/CLRJLzyp3N0/?utm_source=ig_web_copy_link
Вучиќ предходно му рекол на Заев дека кутиите од вакцините задолжително треба да се зачуваат и вратат бидејќи Фајзер процедурата и многу стога а ако Србија тоа не ја испочитува може да остане без вакцини.
Заев во заедничкото обраќање со претседателот Вучиќ рекол дека оваа помош од пријатели и соседи, пријателскиот српски народ со кој неговата земја има традиционални пријателески и братски односи, и дека ова е прв контингент на помош како и тоа дека ќе се утврди приоритетната група на граѓани за вакцинирање но и дека македонските граѓани ќе можат и доброволно да се пријават.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата