logo
logo
logo

Мило Ѓукановиќ е МЕНТОР НА КРИМИНАЛЕЦОТ ВЕЉКО БЕЛИВУК

Vecer | 13.02.2021

Мило Ѓукановиќ е МЕНТОР НА КРИМИНАЛЕЦОТ ВЕЉКО БЕЛИВУК

Вељко Беливук, викан Веља Невоља, шеф на криминалната група која се апси деновиве низ Србија осомничена за дестина тешки убиства, трговија со дрога и насилства, бил обучуван и третиран во Црна Гора како високо-дипломатско лице, тврди Андрија Мандиќ, лидерот на црногорскиот Демократски Фронт.

Претходно, Андрија Мандиќ изјави дека Вељко Беливук е заштитен од режимот на Мило Ѓукановиќ. Ова тврдење го објасни за ТВ Прва.

„Кога Беливук дојде во Црна Гора, тој беше третиран како високо-дипломатско лице, ги извршуваше своите должности, одеше на прослави, се дружеше со бизнисмени блиски до власта на претседателот Мило Ѓукановиќ како и со високи функционери на полициската управа кои така доаѓаа на тие прослави.

На прашањето дали Зоран Лазовиќ е тој спомнуван помошник директор на полицијата, кој е спомнуван како вистинскиот шеф на Вељко Беливук, Мандиќ вели:

„Овој човек, кој го спомнувате, има полициска функција. Овде, во Црна Гора, исто така е познато како овде настапувале членовите на озлогласениот Земнуски клан, а денес се знае како Беливук дошол да му помогне на Ѓукановиќ за изборите во Никшиќ, познато е дека тој е во контакт со луѓе од полицијата што управува со криминалот.

"Од времето на санкциите, постои силна врска помеѓу полицијата, валста и криминалот од Италија, Приштина и Албанија".

Според него, тие криминалци се во соработка и во политичката служба на ДПС на Мило Ѓукановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk