logo
logo
logo

Грците во исчекување: Мицотакис вечерва ќе најави "локдаун"?

Vecer | 09.02.2021

Грците во исчекување: Мицотакис вечерва ќе најави "локдаун"?

Дали Грција ќе биде повторно во "локдаун" ќе се знае вечерва.

Премиерот Мицотакис, вечерва преку видео порака ќе им се обрати на граѓаните со цел да им ги соопшти новите мерки за заштита на јавното здравје.

Според дописничката на МИА од Атина, поради влошената епидемиолошка слика, пбласта Атика, поширокиот регион на Атина, се наоѓа на чекор до дополнителни рестриктивни мерки и уште построг карантин.

Мицотакис денеска свика вонреден состанок со надлежните министри, на кој присуствуваа и шефот на комисија на епидемиолози и претседателот на Националната организација за јавно здравје и како што рече министерот за здравство биле разгледани, епидемиолошките податоци и состојби.

-Премиерот побара Комисијата на епидемиолози вонредно да се состане за да го разгледа преземањето мерки за Атика, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, по завршувањето на состанокот во премиерската палата и додаде дека надлежната комисија ќе се состане, ќе даде препораки, а потоа ќе бидат објавени евентуалните мерки.

Министерот за здравство на Грција утрово, во интервју рече дека неговата препорака до комисијата е во Атина да се воведен строг „локдаун, веројатно како минатиот март”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk