logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА Е БЕЗБЕДНА ЗА СРБИЈА, Хрватска во ризична зона за патувања

Vecer | 05.03.2026

МАКЕДОНИЈА Е БЕЗБЕДНА ЗА СРБИЈА, Хрватска во ризична зона за патувања

Српското Министерство за надворешни работи објави „семафор“ со препораки за патувања, при што Хрватска е ставена во категорија за патување само во случај на крајна потреба, додека Македонија е третирана како безбедна дестинација за патување со редовна претпазливост.

Оваа класификација доаѓа во период на засилени регионални безбедносни проценки и ажурирани препораки за граѓаните на Србија.

Во објавените информации за Хрватска, српските власти експлицитно препорачуваат граѓаните да не патуваат без прекa потреба, повикувајќи се на зачестени инциденти, тензии и неповолни безбедносни околности.

Во истата препорака се советува избегнување јавни собири и места каде што може да има провокации, како и дополнителна претпазливост за организирани спортски и културни патувања.

За Македонија, на официјалната страница на српското министерство е достапен стандардниот информативен режим за патување и влез, без истакната посебна предупредувачка препорака како кај Хрватска, а медиумските извештаи ја наведуваат Македонија како безбедна за патување во рамки на новиот систем на процена.

Бугарија е безбедна исто како и Грција.

Според семафорот, безбедни се и САД и Турција. Патување не се препорачува во Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk