logo
logo
logo

СРБИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА, ТРЕТА ВО СВЕТОТ по вакцинирани на 100 лица

Vecer | 01.02.2021

СРБИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА, ТРЕТА ВО СВЕТОТ по вакцинирани на 100 лица

  • Само Израел и ОАЕ се пред Србија по вакцинирани на 100 лица
  • Србија ќе набави 11 милиони вакцини вкупно
  • Досега се вакцинирани 438000 лица

Според веб-страницата „ Our world in data“ на Универзитетот во Оксфорд за седумдневниот просек на вакцинирани лица на 100 лица Србија е на прво место во Европа и на трето во светот, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.

- Само Израел и ОАЕ се пред нашата земја според бројот на вакцинирани, а како што најави премиерката Ана Брнабиќ, на почетокот на неделава ќе биде потпишан договор за набавка на дополнителни количини вакцини за коронавирус и потсетува дека Србија веќе потпиша договор за набавка на 6,5 милиони дози.

Како што рече со новите дополнителни количини, откако ќе се потпише договорот во понеделник или вторник, тоа ќе бидат вкупно 11 милиони вакцини, а досега во Србија се вакцинирани 438 000 лица.

Брнабиќ истакна дека ќе има доволно дози за ревакцинација, бидејќи кога со пристигнувањето на секој контингент вакцини, едната половина веднаш се одделува од страна.

- Велика Британија, поради огромни проблеми со вирусот и голем број на заразени лица, реши да ги вакцинира луѓето по 12 недели, а не по три недели, односно практично даваат само една доза, што не е случај кај нас. Тоа би било како да ги дадеме сите 1.170.000 вакцини што ги имаме во земјата на сите во Србија, но само по една доза. Ние би имале повеќе од еден милион вакцинирани, но тогаш можевме само да се надеваме дека ќе добиеме дози за ревакцинација. Имаме друга стратегија, секогаш одвојуваме половина од добиената достава за ревакцинација - посочи Брнабиќ за ТВ Пинк и додаде дека одредени количини вакцина „Фајзер“ пристигнуваат денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk