logo
logo
logo

Радев го искара Бојко ПО ПРАШАЊЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 01.02.2021

Радев го искара Бојко ПО ПРАШАЊЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА

  • Радев смета дека Борисов требало повеќе да се ангажира во Европа во однос на прашањето за Македонија
  • Според Радев, тој како претседател во турбулентна година ги бранел бугарските интереси

Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова.

-Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи, рече Радев.

Според него, реалноста налага да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk