logo
logo
logo

Вака Словенците ќе ги задржат младите дома: ГРАДАТ СТАНОВИ ЗА НИВ, И ПОВОЛНО ГИ РЕНТИРААТ

Vecer | 16.02.2026

Вака Словенците ќе ги задржат младите дома: ГРАДАТ СТАНОВИ ЗА НИВ, И ПОВОЛНО ГИ РЕНТИРААТ

Во 2025 година во Словенија имало 323.430 млади помеѓу 15 и 29 години. Во однос на состојбата во 1991, кога Словенија ја напушти Југославија, сега има над 7% помалку млади во составот на своето население.

На почетокот на 2024 година, во Словенија имало 29,3% помалку млади луѓе (15-29 години) отколку во времето пред независноста. Речиси половина од населението на возраст од 20-24 години било запишано во високо образование т година. Стапките на вработеност и невработеност кај младите луѓе (15-24 години) биле пониски од просекот на ЕУ.

Пораката е критична: ако ги имало повеќе во социјализмот на Југославија, и имало поголем број бракови и деца во однос на сегашната демократија и членство во ЕУ, тогаш Словенија е во длабок проблем на системот, оценуваат експертите од агенцијата за јавно мислење Младина.

Минатата година од Словенија се ислелиле 1.570 млади под 30 години, претежно со добро средно пазарно ориентирано образование како и со завршени фаултети. За Словенците  тоа е знак дека нешто корисно треба да се преземе за младите и запре нивната миграција.

Невработеноста е од 6-9% зависно од градовите, и тоа не е клучен проблем, клучот е во условите за самостоен живот и градење семејство кое наложува нови градинки и основни учлишта и поволни услови за нивно користење.

А на прво место, обезбедување свој дом за нладите преку ефитини кирии или поволни кредити, нешто што во Македонија се спроведуваше со минатата влада на ВМРО ДПМНЕ и даде резултат, а во план е да се спроведува и со оваа нивна влада.

Во последните десет години, на подрачјето на градот Марибор се изградени околу 1.500 нови станови, а се планира нова градба и на јавниот и на приватниот пазар. Само државниот и меѓуопштинскиот фонд за домување планираат вкупно повеќе од 600 нови станови наменети за млади луѓе и малди брачни парови рентирани по поволна ниска цена и подобрување на услови во градинките.

По изградбата на населбата Под Пекрско горчо во Марибор со 400 јавни станови за издавање пред четири години, Фондот за домување на Република Словенија планира годинава да започне со изградба на населбата Ново Побрежје, каде што ќе има 439 станови за издавање, од кои 60 ќе бидат сервисирани.

Што се однесува до статистиката, колку Словенци помлади од 30 години, живеат се уште со своите родители, работите стојат како во табелата:

Првата фаза од проектот, со изградба на 182 единици, се очекува да биде завршена во 2028 година. Според прогнозите, ќе биде потребна пообемна реконструкција на државниот пат до новата населба за да се обезбеди проток на сообраќај поради поврзувањето на улиците.

Меѓуопштинскиот фонд за домување во Марибор (JMSS) веќе некое време планира да изгради зграда со 45 станови за млади луѓе и млади семејства на улицата Дворакова. Според фондот, градежната дозвола за проектот е издадена кон крајот на минатата година, но сè уште не е конечна.

Планирано е градежните и трговските работи да завршат во 2027 година, а жителите да се вселат една година подоцна. Дотогаш, планираната повеќестанбена зграда за млади луѓе и млади семејства на улицата Врбанска, која ќе има 14 станови, треба да биде подготвена за вселување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk