Утринава околу 8 часот избувнал пожар во производниот простор на фабриката „Бамби“ во Пожаревац.
Според првичните неофицијални информации, пожарот избувнал на покривната конструкција која е направена од сендвич панели.
Во пожарот нема повредени, а на терен се девет пожарникари и пет спасувачки возила.
Во тек е гаснење на пожарот.
Ова е втор голем пожар во Бамби, по минатогодишниот во јуни.
Имлек, Бамби и Књаз Милош, од 2015 година се во сопственост на лондонскиот инвестициски фонд Mid Europa Partners, сопственост на Александар Сорос.
Фото: Илустрација
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата