logo
logo
logo

СРБИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИ, Вучиќ очекува гласање пред крајот на годината

Vecer | 03.04.2026

СРБИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИ, Вучиќ очекува гласање пред крајот на годината

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека консултациите со претставниците на политичките партии ќе продолжат во понеделник. Тој појасни дека, од формално-правен аспект, вонредните парламентарни избори најрано можат да се одржат на 31 мај, но остави простор тие да бидат закажани и за крајот на март следната година, со тоа што во тој случај не би се третирале како вонредни.

По консултациите со претставниците на Движењето на социјалистите, Сојузот на војводинските Унгарци и Странката за правда и помирување, Вучиќ истакна дека му ветил на народот вонредни избори, што подразбира нивно одржување пред крајот на тековната година.

„Ќе гледам, колку што е можно, да го исполнам своето ветување како и многу други, освен ако целиот свет не ни се сруши врз глава, бидејќи како што тргна работата, веќе ништо не може да се исклучи“, додаде претседателот на Србија.

Вучиќ наведе дека со претставниците на партиите разговарал и за европските интеграции, посочувајќи дека нивните ставови се нијансирани и различни. Тој додаде дека како претседател на Републиката треба да ги земе предвид сите мислења за да утврди што најдобро ги изразува интересите на Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk