Црна Гора започнува со изградба на нов транзитен прифатен центар за мигранти и баратели на азил во близина на граничниот премин „Божај“, на границата со Албанија. За потребите на овој проект, планирано е уривање на дел од постојната караула, а целиот зафат ќе чини околу 1,4 милиони евра. Новиот објект ќе има капацитет за згрижување на до 200 лица.
На оваа локација веќе функционира Центар за прифат на странци кои бараат меѓународна заштита, кој моментално може да прими 60 лица. Овој постоечки центар беше отворен во летото 2020 година, како резултат на соработката меѓу црногорската влада и Европската Унија. Тогаш, Владата на Црна Гора инвестираше 470.000 евра, додека Европската Унија, преку ИПА фондовите за претпристапна помош, обезбеди 400.000 евра за реконструкција на старата караула во современ центар за мигранти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата