logo
logo
logo

Војната се прелева во МЕДИТЕРАНОТ?

Vecer | 14.05.2026

Војната се прелева во МЕДИТЕРАНОТ?

Грција нема да толерира никакво проширување на војната од Украина кон Медитеранот, изјави денес грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, откако остатоци од морнарички дрон беа откриени во близина на грчкиот остров Лефкада.

Тој рече дека Средоземното Море мора да остане зона на мир и дека грчките власти ќе се погрижат тоа да не стане ново место на воени операции, објави „Катимерини“.

Грчките власти се сомневаат дека станува збор за украински камикази дрон „Мамај“ опремен со експлозив, кој наводно таргетирал руски брод во Средоземното Море.

Истрагата е сè уште во тек, додека украинската страна негира каква било поврзаност со дронот.

Атина претходно ги информираше сојузниците во НАТО и Европската Унија за инцидентот, изразувајќи страв дека конфликтот во Црното Море би можел да се прелее во Егејското и Средоземното Море.

Грчките власти, исто така, предупредија за потенцијалните економски и еколошки последици што би ги предизвикал напад во близина на нивниот брег, особено поради ризикот за комерцијалните танкери што редовно патуваат низ регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk