Демонстрациите во Србија кои започнаа како протести поради несреќата во Нови Сад кога се урна настрешница на железничката станица по што загинаа 15 луѓе а десетина одговорни се веќе во притвор и е започнат правосиден процес, продолжија како студенстски протести. На 4 март 2025 Собранието во Белград донесе законски измени и ги исполни сите нивни барања иако опозицијата која, формално, ги поддржуваше студентските протести, предизвика физичка пресметка во Собранието со нанера да оневозможи донесување на закони со кои се реализираат студенстските барања.
Продолжија под контрола на политичките партии од опозицијата кои содбиваат избори туку бараат техничка влада под нивна контрола, без избори. Иванка Поповиќ од политичкото движење Прогалс порача : “Им благодариме на студентите за се што досега направија, но отсега ние ја преземаме работата...“.
Поддршката на демонстрациите масовно доаѓа од Косово и од Хрватска од каде доаѓаат и припадници на левичарските невладини организации кои делуваат заедно со српските организатори на уривање на владата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата