logo
logo
logo

Серија ДОЈАВИ ЗА БОМБИ НА БАЛКАНОТ - Евакуации во Црна Гора, Хрватска и БиХ

Vecer | 17.04.2026

Серија ДОЈАВИ ЗА БОМБИ НА БАЛКАНОТ - Евакуации во Црна Гора, Хрватска и БиХ

Бран закани со експлозивни направи денеска предизвикаа паника и итни евакуации во неколку држави од регионот. Во Црна Гора, трговските центри „Биг Фешн“ во Подгорица и „ТК Плаза“ во Будва беа испразнети откако по електронска пошта пристигна закана дека во објектите се поставени бомби кои наскоро ќе бидат активирани. Речиси истовремено, заканувачки пораки добија и неколку образовни институции во Никшиќ, по што надлежните обвинителства започнаа итни инспекции на теренот.

Слична е ситуацијата и во Хрватска, каде три трговски центри во Загреб беа евакуирани по дојави за кои загрепската полиција, по неколкучасовни детални проверки, потврди дека се лажни. Слична судбина ги снајде и училиштата и институциите во Зеница, Босна и Херцеговина, каде наставата беше прекината, а децата итно евакуирани. Иако досегашните проверки во Скопје и регионот покажуваат дека станува збор за координирани лажни закани, надлежните служби остануваат во состојба на висока приправност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk