logo
logo
logo

Америка воведе санкции за НИС, Вучиќ ќе разговара со Путин: “Не сакаме непријателско преземање на туѓи имоти, нема да избрзуваме со погрешни одлуки“

Vecer | 10.01.2025

Америка воведе санкции за НИС, Вучиќ ќе разговара со Путин: “Не сакаме непријателско преземање на туѓи имоти, нема да избрзуваме со погрешни одлуки“

Канцеларијата за контрола на странскиот имот на американското Министерство за финансии ја додаде Нафтената индустрија на Србија (НИС) на листата на санкции насочени против компанијата Газпром и Руската Федерација.

Стигна и реакцијата на претседателот на Србија Александар Вучиќ кој кажа дека од Србија се бара целосно излегување на руските инвестиции од НИС.

-Денеска, неколку дена пред промената на власта, најмоќната земја во светот, САД, воведе санкции за  нафтена индустрија Србија.

Србија на никаков начин не придонела за воведување на вакви санкции против компанија која работи во нејзината земја. Никако не се мешавме во конфликтите на големите, внимававме на тоа, се држевме настрана од се.

Денеска сме соочени со тешки и сериозни санкции.

Ова се најтешките санкции кои влијаат на една компанија во Србија. Од нас се бара целосно да ги отстраниме руските интереси од НИС.

Србија не е непријателска земја кон Руската Федерација и не сакаме непријателско преземање на туѓи имоти.

Ќе реагираме сериозно, одговорно и вредно и нема да избрзуваме со погрешни одлуки.

Ќе побараме од претстојната администрација да ја преиспита оваа одлука. Она што е важно луѓето во Србија да знаат е дека ги сакаме и Москва и Вашингтон, но Србија е нашата најдрага и најомилена земја. Ќе ги заштитиме интересите на Србија и нема да има никаков недостиг. Ќе победиме и овој пат! - порача Вучиќ.

– Станува збор за најтешки санкции и очекуваме излегување на рускиот капитал до 25 февруари – кажа Вучиќ и истакна дека Србија ќе реагира одговорно и дека нема да брза со донесувањето одлуки.

Вучиќ додаде дека американските санкции против НИС се удар врз руските компании и компаниите поврзани со нив, меѓу кои и НИС. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk