logo
logo
logo

Блокадерите предизвикаа реакција, СРБИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА УСТАВОТ

Vecer | 14.06.2025

Блокадерите предизвикаа реакција, СРБИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА УСТАВОТ

Седумте месеци постојани помали или поголеми протести на “блокадерите“ кои започнаа како студентски, потоа се трансформираа во политички за последниве месец-два да станат недефинрани го блокираа политичкиот и општетствен живот во Србија со застој во економискиот процес. 

Сите насилни испади на блокадерите, особено во Белград и Нови сад, досега завршија со нивно ослободување а ниту една пресуда нема за значително нанесени материјални штети врз луѓето или објектите што е последица, според српската влада, на недоречености во уставот и немање механизам за повикување на одговорност за соодветните судии и обвинители во тие процеси.

Најавена е промена во Уставот на Србија, особено во делот на правосудниот систем и образованието.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави можна промена на Уставот на Република Србија пред крајот на годината, бидејќи состојбата на српското судство е доведена во прашање.

Адвокатот и член на СНС, Владимир Ѓукановиќ, коментираше дека ова е одлична вест и дека е јасно каква е моменталната состојба во судството.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ја објави можноста за промена на Уставот на Република Србија. Тој го спомена ова додека коментираше за состојбата во српското судство и колку длабоко странскиот фактор навлегол во многу државни институции. Ова е одлична и ветувачка вест“, истакна Ѓукановиќ на својот Телеграм канал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk