Актерот Бранислав Лечиќ изјави дека му е многу тешко да помисли дека денешниот протест во Белград може да доведе до судири меѓу граѓаните и „крвопролевање“.
Лечиќ кој беше поранешем министер за култура во владата на српските Демократи и еден од лидерите на протестите во деведесттите против Слободан Милошевиќ, застана во одбрана на “Студентите кои сакаат да учат“ во Пионерскиот парк во центарот на Белград а кои се противат на демонстрациите и бараат враќање на факултетите и продолжување со наставата за да не се загуби студентската година.
„Овие студенти таму се тие што протестираат и блокираат, нели? Тие имаа свој код во Ниш, кој јавно го прогласија. Тоа е дека секој има право на слободна мисла и слободно однесување и интегритет како личност. Зошто тогаш, со делумно напаѓање вас од овде, кои исто така ги имате вашите права, ви покажаа дека таа ваша мисла нема значење. Ако демократијата е за секого, мора да биде за секого и дека нема некој што е попривилегиран, поголем или помал демократ“, рече актерот.
“Тие (во Пионерскиот парк) имаат свој став, свесни се за него и имаат право да го бранат, а блокаторите на факултетите се изманипулирани“ изјави Бранислав Лечиќ.
„Жал ми е и тешко ми е да размислувам за крвопролевање меѓу нас“, изјави Лечиќ за Танјуг
“ Се обидувам да го препознаам механизмот како правдата успева да се претвори во манипулативен тек на обоена револуција“, рече Лечиќ.
Лечиќ има долга историја на политички активности кои се од спротивната страна на Слободан Милошевиќ, па и критички однос кон власта под Александар Вучиќ но, овојпат, застана против демонстрациите кои се одвиваат под форма на студенстки протести.
Покрај актерството, учествувал и во политичкиот живот, како водач на „Плишана револуција“ за време на владеењето на Слободан Милошевиќ. По победата на ДОС на претседателските избори во 2000 година, тој беше именуван за министер за култура во владата на покојниот Зоран Ѓинѓиќ од Демократската партија.
Откако Чедомир Јовановиќ ја напушти Демократската партија него го следеше и Лечиќ, кој стана еден од основачите на ЛДП. Набргу потоа, тој ја напушти ЛДП и го основаше Движењето „Моја Србија“ (Моја Србија), учествувајќи на српските избори во 2008 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата