logo
logo
logo

250 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ВАКЦИНИРАН РАБОТНИК: Фирма во Србија со мотивација за вработените

Vecer | 17.05.2021

250 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ВАКЦИНИРАН РАБОТНИК: Фирма во Србија со мотивација за вработените

Директорот на компанијата „Картонвал“,  од Шабац, Зоран Петковиќ, на секој вработен што ќе се вакцинира против коронавирус му понудил 30.000 динари (околу 250 евра) награда.

Како што беше соопштено по оваа негова понуда 30% од вработените аплицирале за вакцинација.

Понудата доаѓа откако Петковиќ претходно им порачал на работниците дека оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот нема да ја добијат велигденската награда, што беше осудено на социјалните мрежи, но и дел од колективот.

Петковиќ изјави дека има намера да ги охрабри работниците да се имунизираат, но и дека е изненаден од „тивкото мнозинство“ на несигурни, исплашени противници на вакцинацијата во Картонвал.

„Секоја личност е важна за нас во производството и се плашиме од масовно пренесување и мислев дека на тој начин би можел да привлечам внимание, но луѓето лошо го примија и повеќе се нервираат од губење на награда отколку од губење работа или колега“, рече тој.

Тој рече дека секој што е имунизиран има право на награда.

Во неговата компанија просечна плата е 86.860 динари, додека досега донирала околу 11,5 милиони динари за време на пандемијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk