Со поставување на оптички кабел во селото Загорица кај Топола, започна изградбата на широкопојасна комуникациска инфраструктура во руралните средини во Србија.
На почетокот на работите присуствуваше премиерката Ана Брнабиќ, која истакна дека овој проект е од големо значење бидејќи ќе им овозможи на сите граѓани на Србија, особено на оние кои живеат во најоддалечените рурални средини, да имаат модерен пристап до Интернет.
Во селото Загорица кај Топола денеска започна процесот на дигитализација во руралните средини.
Премиерката Ана Брнабиќ во оваа прилика истакна дека за рамномерен раст и развој е многу важно најмладите да останат во своите заедници и да го користат своето знаење за да го развијат и најоддалечениот дел од Србија.
За тоа, како што наведе таа, им требаат соодветни услови.
Првата фаза од програмата, која ја спроведува Министерството за информации и телекомуникации, опфаќа изградба на приближно 4.700 километри оптичка траса што ќе опфати 730 училишта и 120.000 домаќинства во 700 села во Србија.
Проектот е вреден 500 милиони евра.
Половина од средствата државата ги инвестира со партнери од Европската Унија, а останатите -телекомуникациски компании.
Рокот за завршување на работите е крајот на 2025 година, кога сите домаќинства во Србија треба да имаат пристап до брз фиксен интернет.
Фото: принтскрин 24вести.ком
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата