logo
logo
logo

20- годишен Словенец загина на музички фестивал во Сплит

Vecer | 14.07.2024

20- годишен Словенец загина на музички фестивал во Сплит

Засега нема други официјални информации. КБЦ Сплит наскоро ќе даде изјава за новинарите.

Како што неофицијално дознава Далматински портал, се работи за 20-годишен државјанин на Словенија.

Во Итната помош од фестивалот ноќеска пристигнале 11 лица.

КБЦ Сплит утринава соопшти дека во текот на ноќта и утрото им помогнале на 11 лица, меѓу кои девет странски државјани.

Најмногу се работи за интоксикација со алкохол и други материи и потешкотии во респираторниот систем.

Еден пациент имал отворена рана на задникот, а другиот убодна рана од неидентификуван предмет во надлактицата. Дополнително, едно лице е хоспитализирано на Клиниката за внатрешни болести, а останатите по укажана лекарска помош се отпуштени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk