logo
logo
logo

ХРВАТСКА на прво место во ЕУ според растот на платите, НАЈДОБРО Е ПЛАТЕН АВИОСООБРАЌАЈОТ

Vecer | 21.03.2025

ХРВАТСКА на прво место во ЕУ според растот на платите, НАЈДОБРО Е ПЛАТЕН АВИОСООБРАЌАЈОТ

Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за јануари годинава изнесува 1.392 евра, што е реално за 8 отсто повеќе отколку во јануари 2024 година, објави во четвртокот Централниот завод за статистика (ЦБС). Просечната месечна нето-плата од 1.392 евра е номинално повисока за 31 евро или 2,3 отсто во однос на декември лани. Во однос на јануари 2024 година, нето платата номинално е повисока за 153 евра или 12,3 отсто, а реално за 8 отсто.

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.184 евра, а најниска во секторот производство на облека 919 евра.

Хрватска е на прво место во ЕУ според растот на платите во последниот квартал од минатата година, според Европскиот завод за статистика.

Според нив, во четвртиот квартал од минатата година, трошоците за работна сила по час пораснале во просек за 4,3 отсто во ЕУ во однос на истиот квартал од претходната година.

„Најголемо зголемување на трошоците за саатни плати за целата економија е забележано во Хрватска (13,9 отсто), Полска (13,8), Романија (13,1) и Бугарија (13)“, објави Евростат.

Најмал пораст на вредноста на еден час работа е забележан во Луксембург, Франција, Белгија, Шпанија, Финска и Шведска. Во сите земји порастот е под просекот на ЕУ кој, повторуваме, изнесуваше 4,3 отсто.

Кога станува збор за зголемувањето на платите во реалната економија, во Хрватска во последниот квартал од минатата година тоа е 12 отсто во однос на истиот квартал од претходната година. Во јавниот сектор (неделовна категорија) зголемувањето е 18,2 отсто, покажуваат европските статистичари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk