logo
logo
logo

ОВА Е АНЕКСОТ - Какви обврски презедоа Србија и Косово со Борел

Vecer | 19.03.2023

ОВА Е АНЕКСОТ - Какви обврски презедоа Србија и Косово со Борел

Договорот што го постигнаа доцна синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, односно Аексот на Договорот утврден претходно во Брисел, ги нема нивните потписи, а содржи начелни детали за примена на тоа што е договорено.

Според  изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, станува збор за цврст договор со преземени конкретни обврски на Белград и Приштина и спогодба која станува услов за  нивниот европски пат. Како цврст договор став изнесе и специјалниот претставник на САД за Балканот Габриел Ескобар. Во продолжение текстот на анексот.

Дијалог меѓу Белград и Приштина: Анекс за спроведување на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија

- Овој Анекс е составен дел на Договорот.

- Косово и Србија целосно се обврзуваат да ги почитуваат сите членови од Договорот и овој Анекс и да ги спроведат сите свои обврски кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс брзо и со добра волја.

- Страните забележуваат дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составен дел на соодветните процеси за пристапување на Косово и Србија во ЕУ. Страните забележуваат дека веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, посредникот на ЕУ ќе започне процес на промена на критериумите за Поглавјето 35 за Србија поради обврските кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Агендата на Косовската специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува новите обврски на Косово кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс.

- Страните се согласуваат итно да ја прифатат Декларацијата за исчезнати лица, како што е договорено во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ.

- За да се примени членот 7, Косово веднаш иницира преговори во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ за воспоставување конкретни аранжмани и гаранции за обезбедување соодветно ниво на самоуправа за српската заедница на Косово, во согласност со релевантните претходни договори за дијалог кои се утврдени од посредникот на ЕУ.

- Страните се согласни во рок од 30 дена да формираат Заеднички одбор за следење, со кој претседава ЕУ. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот одбор за следење.

- За да се имплементира членот 9, ЕУ во рок од 150 дена ќе организира донаторска конференција со цел да се воспостави пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Помошта нема да биде доделена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани.

- Косово и Србија се согласуваат дека ќе ги спроведуваат сите точки независно една од друга.

- Редоследот на ставовите од овој Анекс не го доведува во прашање редоследот на нивното спроведување.

- Косово и Србија се согласуваат дека нема да ја блокираат примената на ниту еден член (точка).

- Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на Дијалогот што го води ЕУ.

- Косово и Србија примија на знаење дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или претходните договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните процеси за пристапување во ЕУ и за финансиската помош што ја добиваат од ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk