logo
logo
logo

Амбасадите на САД, Германија и Обидинетото Кралство ги отфрлаат тврдењата на премиерката на Србија

Vecer | 21.01.2022

Амбасадите на САД, Германија и Обидинетото Кралство ги отфрлаат тврдењата на премиерката на Србија

Амбасадите на САД, Обидинетото Кралство и Германија во Србија во петокот во заедничко соопштение наведуваат дека нивните држави финансирале политички или еколошки протести во Србија, оценувајќи дека трврдењата “не го одразуваат парнерството со Србија“.

“Од почеток на процесот за демократската транзиција во Србија, САД, Обидинетото Кралство и Германија биле најдарежливите партнери и пријатели на Србија, давајќи и финансиска помош со вкупна вредност од преку три милијарди евра“, се наведува во соопштението.

“Јасни сме и тренспарентни во поглед на оваа помош и нашата цел, а тоа е: подршка на реформите, добро управување, демократски развој, зелена транзиција и просперитет. Значајни сретста во рамките на оваа помош доделени се на Владата на Србија или распоредена во соработка со Владата на Србија и нејзините агенции“.

Овие цели даваат подршка на прокламираната политика на Србија да напредува во процесот на пристапување во ЕУ, како и подршка на помирување и стабилност ширум регионот на Западен Балкан“, се наведува во заедничкото соопштение на трите земји.

Инаку, премиерката Ана Брнабиќ оценила во четвртокот, на конференција на која објавила дека Владата на Србија ги поништила сите дозволи издадени на компанијата Рио Тинто за ископување на литиум, дека странски организации ги финансираат еколошките протести во Србија.

Таа потенциила дека протестите ги финансираат најмногу организации од САД, Велика Британија, Германија и Австралија и дека “нема збор со кои би го опишала нивнопто лицемерие“, ги именувала меѓу останатите, Фондација Рокфелер, УСАИД, Вестминстерската фондација за демократија, Британскиот совет и германската Фондација “Хајнрихт Бел“.

“Тие кои ги финансираат протестите доаѓаат од земји од кои доаѓаат и компанииите, а ние треба да ги браниме тие компании и политички да слабееме. Дали е тоа игра која ја играме?“, прашала Брнабиќ.

Премиерката на Србија како пример за тоа го навела Моравскиот коридор, во кој учествува компанијата "Behtel", и протести на еден дел од коридорот поради експлоатација на локален каменолом, кои спрема најзините зборови, ги финансирл УСАИД.

“Исто како што ги финансираат протестите против Рио Тино. А потоа доаѓаат странски амбасадори и велат дека се загрижени за тоа да се бара да се прекине со Рио Тинто. Што покажува тоа? Дека некој овде бара и паре и јаре. А тоа значи дека финансираат протести како би го ослабеле и му ја сршат кичмата на Александар Вучиќ. Е па тоа веќе не ќе може“, рекла Брнабиќ во четвртокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk