logo
logo
logo

ХРВАТИТЕ ВО ПАНИКА, КАДЕ ИСЧЕЗНАЛ МИЛАНОВИЌ?! Медумите дигнале паника, што се случува со хрватскиот претседател, не се огласил од 6, јануари, а мораше...

Vecer | 15.01.2022

ХРВАТИТЕ ВО ПАНИКА, КАДЕ ИСЧЕЗНАЛ МИЛАНОВИЌ?! Медумите дигнале паника, што се случува со хрватскиот претседател, не се огласил од 6, јануари, а мораше...

Откако на 6. јануари честитал Божиќ на верниците кои слават по јулијански календар, а истиот ден министерот за одбрана Марио Божовиќ му порачал да “престане да лаже“, го нема “ни да се виде“, пишува Слободна Далмација.

Ни на страниците на неговиот кабинет неможе да се дознае ништо за неговите активности во меѓувреме. Или никогаш и ги немало.

Се надеваме дека не се во прашање некои здравствени проблеми, за кои претседателот на Републиката сепак би требал да ги сподели со јавноста, а исто важи и за евентуален годишен одмор, потсетува Слободна.

Последната прес конференција на Зоран Милановиќ била на 5 јануари, кога зборувал за модернизација и опремување на Хрватаската војска, кое во последно време му била омилена тема, односно постојан извор за препукување со министерот за одбрана Божановиќ, а потоа и со Владата на Андреја Пленковиќ...

Посебна загриженост предизвика тоа што Милановиќ не се вклучил во расправа на тема “ дали Милорад Поповац требал да патува во Бањалука за Денот на Република Српска“, поготово ако се знае дека токму Пуповац  бил омилена мета во последните месеци.

Најмногу загрижува тоа што не се огласил ни за катастрофалните резултати од пописот на население, заклучила Слободна Далмација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk