Денеска во Ниш автобус од јавниот превоз излета од патот и директно удри во автобуска станица, при што целосно ја уништи металната конструкција на постојката.
Иако сликите од местото на настанот покажуваат застрашувачка штета, според првичните информации на српските медиуми, избегната е поголема трагедија:
Едно лице е итно пренесено во болница со возило на Брза помош.
Првичните медицински прегледи укажуваат дека повредениот поминал со полесни телесни повреди.
Од силниот удар, станицата е буквално срамнета со земја, а и самиот автобус претрпел сериозни оштетувања на предниот дел. Сепак, според изјавите на очевидците, возилото останало во возна состојба и по ударот.
Припадниците на Полициската управа во Ниш и сообраќајната полиција се на терен. Во моментов се врши увид за да се утврди дали станува збор за техничка неисправност на автобусот, влошена здравствена состојба на возачот или невнимание во сообраќајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата