logo
logo
logo

Ќе разговараме со ВУЧИЌ за да биде наш КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР, рече Ана Брнабиќ

Vecer | 02.04.2026

Ќе разговараме со ВУЧИЌ за да биде наш КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР, рече Ана Брнабиќ

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, за РТС изјави дека вонредните парламентарни избори ќе се одржат тогаш кога ќе одлучи единствената надлежна институција за тоа, односно претседателот на Републиката, кој, како што рече, во моментов се занимава со многу важни прашања. Таа најави дека раководството на СНС ќе разговара со Александар Вучиќ тој да биде нивниот кандидат за премиер.

Во врска со актуелните политички превирања во државата, Брнабиќ наведува дека сите политички чинители ќе бидат повикани на дијалог, но смета дека многумина од опозицијата ќе го одбијат тоа. Таа оценува дека пред СНС се најтешките разговори и ја осудува злоупотребата на универзитетите во политички цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk