logo
logo
logo

ЦЕЛА НОЌ ВО СТУДЕНАТА САВА СЕ ДРЖЕЛЕ ЗА ДРВАТА. Засега се знае за три жртви, но дали има и други

Vecer | 01.04.2026

ЦЕЛА НОЌ ВО СТУДЕНАТА САВА СЕ ДРЖЕЛЕ ЗА ДРВАТА. Засега се знае за три жртви, но дали има и други

Голема спасувачка акција била покрената синоќа на реката Сава, на потегот меѓу Штитар и Бабина Греда, откако полицијата добила пријава дека неколку лица се наоѓаат во водата.

Според информациите од Полициската управа Вуковар-Срем, повикот бил примен во 1:42 часот по полноќ, по што веднаш биле активирани надлежните служби. На терен итно биле испратени полициски патроли, полициски чамец, како и дронови, со цел што побрзо да се лоцираат лицата и да се спречи можна трагедија.

Во спасувачката операција што трае од синоќа кај Бабина Греда, досега се извлечени 30 лица од реката Сава.

Три мртви мигранти и осум живи беа извлечени од реката Сава во Славонски Брод рано утрово откако чамецот се преврте, а повредените мигранти беа однесени во болница со брза помош, изјави за Хина во четврток Иван Вулета, командант на Јавната противпожарна служба на Славонски Брод.

Утрово во 5 часот и 38 минути добивме извештај од службите за итни случаи дека имало превртување и давење на мигранти на реката Сава. Излеговме со две противпожарни возила и еден противпожарен чамец. Имаше 11 мигранти, осум живи и тројца мртви беа извлечени“, изјави за Хинa, командант на Јавната противпожарна служба на Славонски Брод, Иван Вулета.

Едно лице беше извлечено мртво од реката, а две лица починаа и покрај реанимацијата и напорите на брзата помош и лекарите.

Пронајдена е жена, која беше реанимирана од страна на службениците на брзата помош и донесена во состојба да може да се однесе во болницата во Славонски Брод. За жал, во 10:20 часот, полицијата доби вест дека лицето починало и не покажува знаци на живот“, рече Ивица Острун, началник на Граничната служба на Полициската управа Брод-Посавина.

Друга жена беше пронајдена низводно.

Брзата помош ја реанимираше и се обиде да ја врати во стабилна состојба. Таа беше пренесена во болница, каде во 11:59 часот беше прогласена за мртва“, објасни Острун.

Другите лица се стабилни и се згрижени во болницата, а нивниот идентитет се утврдува.

Постојат информации дека најверојатно се работи за кинески државјани и дека меѓу нив е и еден турски државјанин. Лицето за кое се сомнева дека сторило кривично дело е во полициската станица“, рече Острун, додавајќи дека во групата имало седум жени и шест мажи, а немало деца.

Тој истакна дека преживеаните мигранти биле згрижени од брза помош и однесени во болница.

Вулета рече дека првото место било северно од мостот, возводно од мостот Сава, каде што биле повеќето мигранти, а некои од нив го напуштиле мостот кон стадионот, јавува Н1.

Болницата во Винковци потврди дека примила четворица мигранти спасени од Сава, а дел од нив биле префрлени во болниците во Вуковар и Славонски Брод.

Директорот на болницата, Крунослав Шпорчиќ, изјави дека примени се двајца државјани на Бангладеш и двајца Индијци:

Ги лекувавме од хипотермија и ќе им биде пружена сета потребна помош“, додаде Шпорчиќ, пренесува агенцијата Срна.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, истакна дека бродот се превртел и удрил во мочурлива област на Сава, а досега нема потврда за загинати.

Шефот на противпожарната служба, Владимир Балентовиќ, рече дека спасувачката операција започнала уште синоќа и дека, по пристигнувањето на локацијата, пронашле луѓе како седеат на гранки од дрвја бидејќи целата област била потопена.

и.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk