Студентските блокатори најавија званичен почеток на демоснтрациите во Белград за денеска со почеток во 16 часот.
По блокадите на главните сообраќајници и раскрсници на повеќе локации во градот, планот е сите да се соберат на едно место, но засега има забуна каде точно ќе биде тоа, дали пред собранието, или на плоштадот Славија или, се работи за планско менување на местата за да се раздели полицијата на повеќе локации и ослабне одбраната на собранието и седиштето на српскиот претседател Вучиќ.
Патем, собирот најавен за денеска не е пријавен и регистриран во српското МВР, што е обврска на секој организатор. И владините претставници и студентските блокатори повикуваат на мирен протест.
Ова се клучните случувања досега:
Топовски удири и заппаливи ракети од навивакиот арсенал се фрлаат врз “студентите кои сакаат да учат“, односно врз студентите кои не го поддржуваат протестот на блокаторите и собрани се во пионерскиот парк во центарот на Белград. За среќа се уште нема поголеми инциденти.
Мирно пред Собранието
Ситуацијата на платото пред Народното собрание во моментов е мирна. Собрани се неколку стотици блокатори, а силни полициски сили ги обезбедуваат приодите до најважните државни институции од најавените напади. Распоредени се и неколку екипи за итни случаи.
Како што се гледа на камерите на „Накси“, проодни се мостовите Газела, Панчевскиот мост, Плави мост, како и мостовите Ада. Поради собир на студентски блокатори, моментално е затворен само Бранковиот мост.
Кој се стои во првите редови на “студенстките протести“.
Хасан Омеровиќ, познат по прекарот „дезертер“ е поранешен подофицир припадник на ЈНА до 1993 кога дезертирал, и локален нишки лихвар кој оди во првите редови како командант со ветераните од 63-от падобрански полк. Тој денеска е заедно со група оние кои ги поддржуваат во блокадите пред Факултетот за ликовни уметности во Белград.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата