Туторијалите за шминкање станаа мегапопуларни во последниве години, па многу инфлуенсери за убавина се вивнаа и стекнаа планетарна популарност. Иако во видеото се изгледа лесно и ефективно, ќе се согласите дека во пракса е поинаку!
Девојка се обидела да тргне по стапките на убавицата за да си го стесни носот и да го контурира, но нешто тргнало наопаку...
Сепак, таа со своите реакции предизвика многу симпатии.
„За малку ќе се задавев од еспресо“, „Умирам, гримасите што ги правиш се урнебесни, но точни“, „Така се чувствувам кога се обидувам да контурирам - затоа не го правам тоа“, „Таа му веруваше на процесот, но не и тој нејзе“, се само дел од коментарите.