Уплатите се без даноци и придонеси, јави ДПА.
Просечната сума е 2.761 евро, но разликите меѓу бонусите на работниците во зависност од секторот во кој работат се значителни, пишува магазинот „Феникс“.
Најмалку бенефиции добиле градежниците, во просек 1.104 евра, а вработените во земјоделството, шумарството и рибарството 1.689 евра.
Најдобро поминале вработените во јавната администрација со просечни 3.000 евра, а професорите и студентите со едно евро помалку.
Нешто помали бонуси добија уметници, вработените во дејноста забава и рекреација, водовод, собирање и складирање отпад.
Најмногу корит од бонуот имаа работниците во индустријата, водоводот, канализацијата и отпадот...
Германската Влада пропиша бонуси до 3.000 евра за да го ублажи влијанието на енергетската криза и привремените скокови на цените врз стандардот на вработените. Во зависност од колективниот договор, парите може да се платат одеднаш или на рати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата